Поранешниот премиер, Никола Груевски, изрази поддршка за протестот што ќе се одржи на 25 април во Скопје и со кој ќе се побара поништување на неправедните пресуди на затворените лица поради учеството во настаните на 27 Алрил 2017 година.
Како што вели Груевски, на тој ден пратениците на денешната власт намерно, свесно и целосно незаконски и противуставно ја продолжиле седницата, сосема свесни дека ќе испровоцираат реакција на народот насобран да го заштити Уставот.
Груевски вели дека тоа е направено за да се испровоцира инцидент по кој би добиле ветер во грб за понатамошна безмилосна пресметка и политички прогон како кон организаторите и учесниците на дотогаш мирните протести.
Поранешниот премиер потенцира дека се тоа е направено за да го држат народот во страв додека тие се занимаваат со криминал, рекет и изнудување пари, присвојување на државните ресурси и комотно криминално владеење.
Поддршка и повик за протестот во недела во Скопје.
Протестот на 25. Април со кој се бара ослободување или пат до брзо ослободување на затворените лица заради учеството во настаните на 27 Алрил 2017 година, како и на припадниците на МВР е оправдан. Нивните пресуди се неправедни. Осудени се со сурова конструкција на лажна квалификација за тероризам со цел не само да бидат затворени, туку тоа да трае по 10, 15 и повеќе години.
На тој ден пратениците на денешната власт намерно, свесно и целосно незаконски и противуставно ја продолжија седницата токму во време кога насобраната толпа народ кој претходни 60 дена мирно протестираше беше пред парламентот, сосема свесни дека ќе испровоцираат реакција на народот насобран да го заштити уставот.
Очигледно беа поучени дека еден инцидент добро би им дошол за потоа вината и кај домашната и кај меѓународната јавност да падне врз организаторите на мирните протести, учесниците во тие мирни протести, но и врз ВМРО-ДПМНЕ со што би добиле ветер во грб за понатамошна безмилосна пресметка и политички прогон како кон организаторите и учесниците на дотогаш мирните протести така и кон водството на ВМРО-ДПМНЕ.
А зошто?
За да има со што да се занимава народот додека тие се занимаваат со криминал, рекет и изнудување пари, присвојување на државните ресурси и комотно криминално владеење.
За да го држат народот во страв кој гледајќи како со леснотија се апси, притвора и се делат казни по 10-15 години затвор на видни лица и авторитети во државата, да не помисли да се спротистави на она што пред неговите очи се случува: масовен грабеж низ различни форми, неработење и неспособност и распродажба на националните интереси на државата, нејзиното име, идентитетот и историјата на македонскиот народ – порача Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.