Втори август – Илинден 1903 година и Илинден 1944 година се едни од најзначајните датуми и настани во историјата на Македонија и особено на македонскиот народ.
Востанието и заседанието беа клучни станици во патот до успехот за создавање на самостојна и независна Република Македонија на 8. Септември 1991 година.
Првата станица беше 23. Октомври 1893 година кога се основа револуционерната организација која го организираше востанието и чија борба и херојство беа инспирација, мотивација и пример на илјадниците партизани во борбата против фашизмот и создавањето на македонска држава, но преставуваше и блиска и бурна историја која не можеа да ја игнорираат создавачите на новата југословенска федеративна држава, заедно со Македонија која тогаш ја доби заслужената државност.
Македонија денес има три национални празници. Сите три споменати датуми денес се национални празници на Македонија и на македонскиот народ. И со право.
Денес е и христијанскиот празник посветен на Св. Илија. Честитајќи го именденот со најубави желби на сите кои го носат името на овој светец, посакувам Св. Илија да го осветли патот на идната Македонија како дел од Евроспакта унија.
Нека е вечен празникот и нека е вечна Македонија!!!
Да живее Македонија! Повеќе слободна, независна, суверена, поправедна и економски посилна! Каква што ја посакуваме. – напиша поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по повод денешниот празник Илинден!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.