Денес е 23. Октомври, празник кој од 2007 година се слави како ден на македонската револуционерна борба, денот кога е основана македонската револуционерна организација (МРО) во станот на книжарот Иван Хаџиниколов во Солун, напиша на својот фејсбук профил Никола Груевски, честитајќи го големиот празник.
Тогаш постои само потчинетост до степен на пониженост, мачење и борба за гола егзистенција и преживување на народот во Македонија, неправди на секој чекор, туѓа власт, многу тешка состојба на населението во Македонија (особено на Македонците-христијани иако и муслиманското население било во тешка положба), и само идеја и цврста воља на шестмината основачи дека е потребна општонародна револуционерна борба за тоа да се промени. Овие шест луѓе заклучиле дека поинаку неможе. Дека после векови потчинетост тоа е единствениот можен пат.
Но истовремено во тоа време непостои развиена и широко распространета свест кај населението за таа идеја.
Непостои оружје ниту пари за негово купување. Непостојат голем број луѓе кои знаат да ракуваат со оружје ниту знаат воени вештини. Непостои организациона мрежа и членови и активисти на организацијата. Непостои широко распространета државотворна свест. Непостои меѓународна подршка за идејата а основачите се определиле дека несмеат да дозволат да станат инструмент на некои од соседите на Македонија, па затоа подоцна се додава и предзнакот “внатрешна”. Практично непостои никаква надеж дека нешто може да се промени на подобро.
Кои се првите чекори? Како почнуваат?
Првата посериозна активност, (покрај донесувањето на уставот на Организацијата и програмските акти) е користејки го својот личен авторитет и авторитетот на уште повеќе десетици нивни пријатели кои во следните месеци и години ја прифатиле идејата и им се приклучиле, да се обидат преку црквата да инсталираат свои истомисленици ширум Македонија во училишта кои во тоа време биле организирани исклучиво од црквата, кои учители-просветители ќе ја шират идејата, ќе го создадат и разгорат жарот на народот потребен за одлучувачка борба, ќе создаваат образовна, која задоена од идејата истата ќе ја шири меѓу населението и местата каде учителствуваат.
Во почетокот од голема помош било што Христо Батанџиев бил секретар на Солунската општина и со својот итар и практичен ум ги привлекувал учителите и свештениците-посетители на општината и корисници на нејзините услуги.
Секој од основачите се обратил најпрво кон своите блиски пријатели, а понатаму верижно и кон нивните блиски, ширејќи ја идејата за слободна и независна Македонија и за потребата од формирање широка мрежа на револуционерни дружини и комити на една општа револуционерна мрежа.
Иван Хаџиниколов преку својата книжара се фокусирал на младите веќе постоечки учители и на учениците. Дамјан Груев одејќи по ановите и хотелите привлекол учители и трговци во револуционерната мрежа. Слични активности имале и Петар Поп Арсов со својот полемички дух и Антон Димитров со својот такт и авторитет кој се посветил на месните средини.
Многумина на кои им пришле ја отфрлале идејата и често наидувале на голем песимизам и на потценувачки приговори и коментари кај тогашните поиздигнати интелектуални и градски категории, некогаш нарекувајќи ги авантуристи. Но опстојале и низ годините успеале.
Клучен момент во помасовното ширење на идејата и будење на народот било придобивањето на младите учители и регрутирањето и инфилтрирањето на нови учители во сите градови низ геогравска Македонија.
Во услови кога над 90 осто од населението во Македонија било неписмено, учителите биле луѓе со огромен авторитет и влијание.
Тие биле образовната елита која регрутирала илјадници нови членови во Организацијата и во следните 10 години преку нив неуморно ја ширеле идејата и изградиле високо ниво на свест за поголемо организирано востание и револуционерна борба за слобода и автономија насекаде низ Македонија.
И во денешно време образовната и севкупната елита во секоја земја е таа која има најголемо влијание на народот за потребата од промени и за борба за поголема слобода.
Затоа секогаш, покрај одлучувачката важност на народните маси, многу важно е и дејствувањето на елитата во општеството, која има и своја општествена одговорност и која нетреба да дејствува само од својот личен интерес и комодитет, туку треба да се предводници (многумина и се) на постојани и постојани промени кон подобро.
Гледано низ призмата на личниот комодитет, шесте основачи на МРО не биле во групата најзагрозени, благодарение на своето образование и работни позиции. Но, биле свесни за севкупната положба во која бил целиот нивен народ и потребата од слобода и своја автономна земја и со огромна повеќе-годишна активност која носела и огромни лични ризици, многумина жртвувајќи го и својот живот и семејство, успеале да покренат револуција која по 41 годишна тешка крвава борба и подоцна низ херојската борбата на партизаните во НОБ, инспирирани токму од Илинденците и оснивачите на МРО, како и подоцна со активностите на генерациите околу 1991та, дошле до триумф за создавање своја држава независна и суверена дежава – Македонија.
Одтогаш натаму битката продолжува но внатре во својата држава, и со демократски средства и инструменти, како што се изборите и промените на политичките елити кои не задоволуваат, промени кои треба постојано да ја зајакнуваат и штитат државата, да ги решаваат проблемите на народот и да го подобруваат стандардот и севкупниот живот на граѓаните.
И таа борба треба да остане вечна и интензивна, ако сакаме да имаме силна држава со посреќен и позадоволен народ.
Честит 23. Октомври!
Нека е вечен празникот!
Нека е вечна Македонија!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.