Сите знаат дека тоа што ќе го науми ДУИ, ќе го оствари, рече пратеникот Артан Груби во своето гостување во вестите на телевизја Сител, во контекст на најавата на партискиот лидер Али Ахмети, дека на следните избори Македонија ќе го добие првиот Албанец премиер.
Груби истакна дека Зоран Заев не победи на изборите во 2016 година, но дека ДУИ му помогнала консензуално да седне во премиерската фотелја и токму поради оваа причина е убеден дека Македонија ќе има Албанец премиер.
Првиот претседател на Собрание Албанец во нашата држава ги немаше потребните 61 глас само од страна на ДУИ туку мораше консензуално да се донесе одлука за да поддржиме личност како господинот Џафери за претседател на Собранието. Исто така господинот Зоран Заев не ги победи изборите во 2016-та година туку имаше 49 пратеници и мораше да направи консензус со другите политички партии за да го добие мандатот за претседател на Владата. Затоа со консензуалната политика која што ја наметнавме при претседателските избори и при локалните последните избори сметаме дека таа консензуалност ќе надвладее и ќе успееме да имаме прв Албанец премиер, нагласи Груби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.