Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе го добие мандатот, ако победат на следните избори, зошто да не, нека предложат Албанец за мандатар на новата влада и ние ќе го поддржиме, одговори првиот вицепремиер Артан Груби на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на предлогот Африм Гаши наместо Димитар Ковачевски да биде мандатар.
– Во актуелниот случај се работи за коалициски договор меѓу СДСМ и ДУИ, последните 100 дена пред изборите, и таму таксативно е наведено дека кандидатот за премиер ќе го предложи ДУИ, односно Али Ахмети – ни изјави Груби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.