Коментирајќи ја одлуката на Изет Меџити да се повлече од функцијата координатор на пратеничката група на ДУИ, вицепремиерот Артан Груби денеска рече дека тоа е негова лична одлука и дека ја почитува.

Изет Меџити има над 20 години искуство во ДУИ и како и да е може да биде наследник на Ахмети, вели Груби за „Алсат“.

Тој не сакаше да коментира во врска со судирот во партијата, потсетувајќи на изјавата на лидерот Али Ахмети по последниот состанок на ЦК на кој се согласиле дека сите прашања се решени и да ги поддржат политиките на партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.