Првиот вицепремиер Артан Груби во изјава за „360 степени“, вели дека целиот вчерашен настан на вселување во новите простории на министерството што тој го предводи бил организиран во согласност со протоколите за заштита од ковид-19, а дека фотографијата што ја објави Османи на која 15 присутни во просторијата се без маски е „само момент“.

Настанот се организира на првиот работен ден во новата година и според протоколите. Сликата што ја објави Османи беше само еден момент – за заедничка фотографија, при мало изненадување што колега го приреди за господинот Ахмети, слично како и минатата година во Собранието, искористувајќи го неговото присуство. Протоколите првенствено ги почитуваме за нашето лично здравје и за нашите семејства, како и за граѓаните, вели Груби за порталот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.