Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на која, заеднички констатирале дека е потребна посветеност од страна на сите политички субјекти во земјава, за ефикасно решавање на прашањата од полза на граѓаните.
Како што информираат од неговиот кабинет, Груби на средбата го информирал амбасадорот Која дека Република Македонија продолжува да води сеопфатна политика со цел да се постигне разбирање меѓу етничките заедници во земјата, но исто така и меѓу владата и опозицијата во врска со клучните прашања.
На средбата, Груби и Која разговарале и за одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор и за достигнувањата и предизвиците кои произлегуваат од него.
Груби, исто така, кажал дека Владата е фокусирана кон функционални добрососедските односи, во европски дух, не само поради нашите аспирации за евроинтеграциите, туку и како одговорна држава којашто сака да придонесува во регионалниот и светскиот мир, посебно како нова членка на НАТО.
Во соопштението се наведува дека Груби изразил благодарност до ОБСЕ за поддршката во демократските процеси на земјата и оценил дека е чест за Република Македонија да претседава со ОБСЕ во 2023 година, за првпат од 1995 година кога земјата стана членка на ОБСЕ.
На средбата било посветено внимание и на прашања од областа на изборното законодавство, при што првиот Груби му кажал на амбасадорот Која дека фокусот е ставен на препораките на ОБСЕ за унапредувања во оваа област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.