Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби за време на вториот ден од престојот во Албанија, денес се сретна со премиерот Еди Рама.

На средбата, Груби му рече на Рама дека е за поздравување фактот што меѓу двете земји немало и нема ниедно отворено прашање, дека речиси сите успеси се заеднички, и чекорот кон членството во НАТО и дури сега патот кон интеграцијата во Европската Унија.

Груби и Рама разговараа и за спорот што во последните месеци се реактуализира меѓу Македонија и Република Бугарија, каде се согласија дека проблемите и отворените прашања меѓу соседите треба да се надминат само преку дијалог.

Kënaqësi që sot në Tiranë takova kryeministrin shqiptar Edi Rama.

z. Rama më priti me një porosi interesante, ai në…

Posted by Artan Grubi on Tuesday, 23 March 2021

За време на состанокот, тие разменија мислења и за Коридорот 8, проект за кој Рама рече дека во Албанија тоа е владин приоритет, бидејќи е во интерес на земјата, но и на целиот регион, додека Груби од своја страна го информираше Рама дека во Македонија се работи на завршување на изградбата на овој коридор.

Двајцата ја пофалија досегашната посветеност на дијаспората од Македонија, бидејќи за помалку од еден месец повеќе од 130.000 луѓе одговориле позитивно на поканата за регистрација.

На крајот од оваа средба двајцата разменија мислења и разговараа и за состојбата во регионот, но и за новите можности за проширување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.