Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби преку честитка им посака среќен Божик на сите православни верници.

-Дозволете ми, во име на сите нас во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците и од мое лично име, да ви посакам среќен Божик и добро здравје и благосостојба на сите вас и на вашите семејства, стои во честитката.

Груби наведува дека верските празници не потсетуваат на тоа колку сме благословени за нашиотверски соживот, кој што е една моќна основа за нашето општество.

-Одбележувањето на ваквите верски празници не мотивира за поголема посветеност и остварувањето на еден подобар живот за сите нас заедно кои живееме на оваа поднебје. Посакувајќи се најдобро за вас и вашите семејства, во духот на овој голем празник, ние веќе го градиме нашето општество преку заеднички цели за добар соживот и за општество без предрасуди. Ви посакувам среќен Божиќ и посакувам овој празник да ве најде во добро здравје и благосостојба, стои во честитката од првиот вицепремиер Груби



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.