Општото подобрување на статусот на заедниците е постојан процес што се одвива во нашата земја. Државата мора да биде посветена на заедниците во земјата. Балансирањето секогаш бара целосна еднаквост меѓу нив, како во остварувањето на правата и слободите што се регулирани со Уставот и законот, така и во обврските како граѓани. РС Македонија има во функција уставни и правни механизми кои ги штитат правата на заедниците, но и релевантни институции кои гарантираат целосна еднаквост во сите сфери на животот, врз основа на кои заеднички мора да градиме иднина, а е поврзана со основните човекови права и со интеграцијата.
Ова го истакна првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во обраќање на состанокот на Комитетот за односи меѓу заедниците во Собранието на Република Македонија. Груби вели дека процесот на остварување на правата на заедниците и нивна интеграција во државните институции се заснова на Охридскиот договор, кој бил пресвртницата во остварувањето на правата на етничките заедници во земјата. Тој потенцира дека една од неговите клучни точки била недискриминација и правична застапеност со цел да се постигне целосна еднаквост во земјата.
Со текот на годините се докажа дека има напредок во областа на застапеноста во институциите, правото на образование, изразувањето на идентитетот и употребата на јазикот. Комитетот за односи меѓу заедниците беше формиран во овој дух, да ја игра улогата на национален координатор на ниво на Собранието за темите за правата на етничките заедници и да даде политичка насока за нивниот развој. Составот на членовите и неговото структурирање ја рефлектираат застапеноста на етничките заедници во земјата – изјави Груби.
Во однос на правичната застапеност, Груби информира дека Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е во процес на трансфер на 1.349 административци вработени во програмата К-5 за правична и соодветна застапеност во 237 државни институции.
Процесот на трансферот е во тек, досега е завршен процесот на трансфер за 404 вработени, додека за другите постапката е во тек. Со годишниот план за работа за 2021 година и врз основа на Стратешкиот план 2021-2023 година ќе продолжиме да ја зајакнуваме нашата посветеност кон креирање на национални политики. Важна област во која работиме е употребата на јазиците, вклучувајќи законски измени и формирање институции како што се Агенцијата за имплементација на јазиците и Јазичниот инспекторат, креирање на акционен план што ќе содржи мерки и активности за овој процес да биде рамномерен поуспешно, а успесите се веќе евидентни затоа што спроведувањето на јазикот може да се види во работата на извршните тела, како и во другите институции на централно и локално ниво – вели Груби.
Тој нагласи и дека првпат Владата одобрила Оперативен план за вработување што предвидува почитување на принципот на правична и соодветна застапеност на сите социјални категории во приватниот сектор во однос на националноста, пол, религија и раса во согласност со стандардите утврдени од Обединетите нации и Меѓународната организација на трудот.
Ние продолжуваме да бидеме силно посветени на подобрување на меѓуетничките односи во земјата, сега како земја-членка на НАТО и во очекување на членството во ЕУ да работиме уште повеќе за да го подигнеме нивото на меѓусебно почитување меѓу припадниците на заедниците во нашето општество, создавајќи еднакви услови за сè, процес што донесе уште поголема демократизација на земјата. Комитетот за односи меѓу заедниците има голема улога и одговорност во остварувањето на општите и посебните права на заедниците, соодветно на припадниците на заедниците. Исто така, овој Комитет има улога и придонес во развојот на мултиетничката димензија на нашето општество, на соживотот на сите граѓани и со ова на зајакнувањето на парламентарната демократија – оцени Груби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.