Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби е оптимист дека во декември ќе има позитивни сигнали за почнување на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.
-Оптимизмот доаѓа од поседувањето на информации. Значи имаме целосни информации за случувањата меѓу Скопје и Софија и тоа ни влева целосна самодоверба дека ова прашање може да се надмине. Се обидуваме на 14 декември на состанокот на Советот за општи работи на ЕК да го имаме првиот позитивен сигнал, кој ќе ни ги отвори вратите. Подготвени сме со одговори за кои мислиме дека се удобни за бугарските ставови и ќе овозможат деблокирање на ветото. Целта е во јануари, февруари или март да се реши ова прашање и во месеците од наредната година да се одржи оваа меѓувладина конференција, со која ќе почнат преговорите за членство со ЕУ, информира Груби во гостувањето на емисијата „200“ на ТВ Алсат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.