Ниту еден од сегашниот состав на министрите на ДУИ нема да биде кандидат за градоначалник на следните редовни локални избори, изјавил Артан Груби висок функционер на ДУИ и прв вицепремиер на Владата.
Слободен Печат повикувајќи се на, како што велат, добро информирани извори, објави дека ДУИ досега спроведувале четири анкети и анализира кои би можеле да бидат можните кандидати кои ќе ја претставуваат ДУИ на есенските локални избори.
Истата постапка ја следат Aлијанса за Албанците и Алтернатива, но во овој политички блок сè уште не е јасно дефинирано кои општини ќе имаат кандидати едните, а во која другите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.