Ништо не ни пречи во резолуцијата, туку бараме текстот да биде усогласен со сите парламентарни партии, што е претходна пракса за усвојување вакви документи, вели првиот вицепремиер и функционер на ДУИ Артан Груби.
ДУИ веќе 20 години ги застапува интересите на Албанците, Македонците и на сите граѓани и затоа денес сме во НАТО и на чекор до ЕУ. Бараме само текстот да биде усогласен со сите парламентарни партии, што е претходна пракса при усвојување вакви резолуции и да не претставува дополнителна пречка во билатералниот спор – изјави Груби за Плусинфо.
Ние, додава тој, во неколку наврати истакнавме дека идентитетот, јазикот, културата и историјата се неспорни и не можат да бидат дел од спор во 21 век.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.