Пратеникот Артан Груби во изјава за „Плусинфо“ негира дека е организатор на прославата на навивачите на Шкупи кои во петокот го демолираа Македонскиот народен театар (МНТ) и за него навивчката група „Шверцери“ не се вандали.
Дивеење е упадот, тепањето и скандирањето во Собрание на 27 април, а не прослава на навивачи, каде што се очекува скандирање, пеење, но не и вандализам, кој што би го осудил во секој момент. Реакциите се апсурдни, лицемерни и преставуваат класична намерна политичка злоупотреба на настан во функција на предизборна пропаганда. Јас не сум организатор на настанот, но мора да истакнам дека театарот му припаѓа на народот, не е ВМРОвски, СДСМовски, па ниту ни на фелата, граден е со наши пари, со парите на граѓаните, а не со парите на ВМРО, ниту на фелата, и им припага на граѓаните. 20- годишината беше одбележена во Албанскиот театар пред 10 години со прикажување на документарец, исто како и 30-годишината во МНТ, каде што присуствуваа фудбалски ветерани, тренери, Албанци, Македонци и други, на кои им беа доделени благодарници од страна на организаторите, спонзори, градоначалници, и други. Секоја чест за професионалноста на вработените во театарот каде што се одржуваат безброј различни настани – изјави Груби.
Но тој не одговори за демолирањето на МНТ, за што реагираше и директорката Симона Угриновска која во изјава за некои медиуми го посочи Груби за организатор за присуството на „Шверцерите“ во МНТ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.