Планираната инвестиција за изградба на аеродром во Штип, нема да се реализира, а средствата ќе бидат пренасочени за животна средина, најави вечера првиот вицепремиер Артан Груби во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

„Екологијата ќе биде врвен приоритет на новата Влада. Затоа одлучивме, наместо нов аеродром, средствата планирани за таа инвестиција ТАВ Македонија ќе ги пренасочи за проекти од областа на екологијата“, рече Груби за ТВ21



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.