Првиот вицепремиер Артан Груби при гостување дебатната емисија „Клик Плус“ на ТВ21 соопшти дека добивал повици од луѓе кои му нуделе вакцини.
Груби изјави дека само во текот на вчерашниот ден добил понуда од луѓе од Германија за пет милиони вакцини.
Секој ден ми се јавуваат луѓе за вакцини. Ми се јавија луѓе од Германија да ми понудат 5 милиони вакцини. Се јавуваат и од други земји. Сум имал контакти со доста луѓе. Ова станува трговија веќе, што не е добро. Јас не верувам во нарачки надвор од официјалните процедури. Ова е глобална пандемија. Затоа, да почекаме уште малку и вакцини ќе има – порача Груби.
Тој изјави дека разговарал со министерот за здравство Венко Филипче кој го информирал дека на почетокот на месец април ќе пристигнат вакцини.
Се слушнав со министерот Венко Филипче и ми кажа дека почетокот на месец април ќе пристигнат 800.000 вакцини од Ковакс системот и 200.000 од Кина наредните денови. Со компанијата „Фајзер“ сме во постојана комуникација, а во процедура сме и со „Спутник“. Има директни контакти – изјави Груби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.