Република Македонија и Албанија не треба под никаков услов да се одвојат на патот кон ЕУ. Ваков ни беше ставот и минатата година, кога всушност требаше да се оддели Албанија за да не ја попречува Република Македонија кон ЕУ. Ставот е конзистентен и сметаме дека треба да се отпочнат преговори час поскоро со ЕУ, со двете земји, како што беше ветено. Ова вечерва го изјави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Груби,борувајќи за меѓуетничките односи во земјата изјави дека се најрелаксирани досега затоа што се имплементира Охридскиот рамковен договор, секојденовно се негуваат односите и нема меѓуетнички инциденти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.