Првиот вицепремиер Артан Груби, зборувајќи за иднината на Владата, вечерва во гостување на ТВ Алсат рече дека ДУИ и СДСМ имаат договор да ја водат државата четири години.

Локалните избори не се поврзани со централната власт, а владејачкото мнозинство е стабилно, вели Груби, кој додава дека се направени многу чекори да се води земјата напред, а Зоран Заев бил клучниот човек што ја унапредил европската перспектива на Македонија.

Според Груби, Алтернатива е добредојдена во власта затоа што веќе била дел од плодна и продуктивна коалиција со СДСМ и ДУИ, а партијата има слични гледишта како владините партнери, меѓу кои најважна е нејзината желба за европско интегрирање на земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.