Денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, во рамките на Зелената агенда, заедно со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко и министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, ќе извршат увид на платформите.на Охридското Езеро во Струга.

Над 4 илјади барања за легализација на дивоградби се одбиени од струшката општинска власт во изминатава деценија, но ниту една од нив не е урната, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија. Во оваа бројка не влегуваат дивоградбите за кои воопшто не е поднесено барање за легализација.

Сите бесправно изградени објекти во заштитениот дел на Охридскиот Регион треба да бидат отстранети согласно закон и согласно јасните и прецизни забелешки на УНЕСКО, претходно побара премиерот Зоран Заев.

Струшкиот градоначалник Мерко претходно рече дека барањата на УНЕСКО се неприфатливи и граѓаните треба да ги легализираат бесправно изградените објекти.

Заев апелираше до трите општини (Охрид, Струга и Дебрца), кои спаѓаат под единствениот регион под заштита на УНЕСКО во земјава, да се почитуваат законите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.