Одговарајќи на новинарско прашање дали новиот мандатар на Владата ќе го почитува договорот за премиер Албанец во последните 100 дена од мандатот, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби изјави дека тоа е нешто за што се договориле и е завршена работа.

На последните 100 дена од владеење ќе има албански премиер предложен од редовите на ДУИ, како што стои во потпишаниот договор. Тоа ќе се потврди и со новиот мандатар – истакна Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.