Додека Заев и Мицкоски преговараат во вилата на Водно за изборниот датум, организацискиот секретар на ДУИ Артан Груби ги најави изборите во првата половина на јули, како и кампањата со која ДУИ оди на избори.

„Во пресрет на изборите во првата половина на јули, ја промовираме идејата  за премиер Албанец. За нас е многу едноставно и нема простор за политичка акробација, паника и јазична гимнастика: Дали ќе гласате за Зоран, Христијан или за Албанец?“ – напиша на фејсбук Груби.

Груби со порака до двете најголеми партии.

„Според денешната логика на двете македонски партии, граѓаните на 11 декември 2016 година одлучија Никола Груевски да биде премиер, но ДУИ одлучи премиер да биде Зоран Заев и сиот свет го знае ова. И сите знаат дека нашите основни услови за тоа беа јазичната еднаквост, промената на името и уставот, НАТО и ЕУ. Талат Џафери истотака беше избран и за претседател на парламентот како резултат на коалицискиот договор. Сите други работи беа исто реализирани како резултат на коалицискиот договор.“ – напиша Груби



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.