Артан Груби го откажа концертот за 20 годишнината од Рамковниот договор , но не се откажува од грандиозната прослава за 300 гости за која ќе потроши половина милион евра.

Согласно програмата за одбележување на Охридскиот рамковен договор предвиден огромен концерт на плоштадот Македонија во Скопје, вечерта на 13 август кој што решивме ние како Министерство да го одложиме, да не го одржиме, согласно новите состојбите со инфекциите од коронавирусот и затоа покажуваме дека сме доблесни и дека разбираме и ги откажуваме сите можни манифестации каде има ризик од зараза, изјави Артан Груби.

Тој вели дека настанот ќе се одржи по сите протоколи.

-Сите настани и денешниот се согласно протоколи за Ковид и централниот настан во хотел Александар Палас на 13 август ќе биде во сала која собира 1500 луѓе а ќе присуствуваат не повеќе од 200 луѓе кои ќе носат маски, ќе бидат со оддалеченост поголема од 1,5 метар еден од друг, мерење на температура пред влезот. Затоа не ја разбирам оваа масовна хистерија по социјални мрежи. Се надевам дека не се однесува на Охридскиот рамковен договор и на неговата имплементација туку е навистина е загриженост на сите тие околу здравствените протоколи, рече вицепремиерот Груби.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.