Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, за утре закажа тематска седница посветена на евроинтегративните процеси во Maкедонија по Самитот на ЕУ во октомври 2019 година.

На седницата се очекува обраќања да имаат заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Поканети се сите пратеници во Собранието, претставници на дипломатскиот кор во земјата, како и претставници на владиниот и невладиниот сектор, академската заедница, медиумите и други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.