Oд првиот ден од мојот избор во Собранието, но и претходно, цел сум на произведување на многу лажни вести и голема пропаганда со една единствена цел – да се внесе раздор помеѓу коалициските партнери ДУИ и СДСМ, затоа што сум задолжен за таа политичка кохезија во Владата, изјави денеска вицепремиерот Артан Груби, коментирајќи ги пишувањата на некои интернет-портали за наводна негова физичка пресметка со генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски.
Сите тие лажни вести ја имаат таа цел да внесат недоверба и раздор меѓу нашите коалициски партнери. Но, во тоа нема да успеат, бидејќи функционираме одлично и уште од првиот ден функционираме како една влада за сите наши граѓани, порача Груби на прес-конферениција.
Како прв заменик-премиер, Груби порача дека ќе се залага за општество со целосна рамноправност на сите граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.