Морам да признаам дека дефинитивно како држава сме заробеници на невиден простотилук кој се манифестира во сите сфери на нашето општество. Впрочем на основа на искуство да кажам дека ваква „ЕКСТРЕМНА НЕПИСМЕНОСТ“ која се граничи со депресивна маничност се појавува токму во медиумите.

Во 2007 година внимателните аналитичари отаде Република Словенија информираа дека во земји каде брзо се развива употребата на интернетот, да се размислува за пренамена на дистрибуцијата на дневно информирање кон краен читател.

Да поедноставам. Начинот на нашето дневно информирање се одвивало и одвива во три фази при првото утринско кафе:

  • 1944-2005 се чита весник
  • 2005-2009 се вклучува компјутер
  • 2009-20.. користиш мобилен телефон

Лично мислам дека дневно-информативните весници мора да постојат пред се’ од една многу практична причина: преголемата употреба на технолошко напредни уреди е БОЛЕСТ.

Но, исто така БОЛЕСТ е и да лажеш, а богами и да крадеш. Нашите другари од власта си смислиле начин како да си финансираат свој политички памфлет кој се вика СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.

Замислете ги лудиве глави како префрлале пари:

  • Општина Карбинци 408.000,00 денари во 2018 и 649.000,00 денари во 2020 година
  • Општина Дебрца 354.000,00 денари за 2020 година
  • Општина Карпош. Ахххх, они ми се фетиш. Ама тоа ќе го објаснам на 03, фебруари (среда, среќен ден) со колумна чиј наслов е: Интервју со Мафијата за 3 милиони денари?

Се поставува основното прашање: ШТО ОГЛАСУВААТ????

Одговор: ФИНАНСИРААТ ПРИВАТЕН МЕДИУМ СО ДРЖАВНИ ПАРИ!!

За нивна жал има ГРОМ-овци што читаат закони и ги споделуваат со јавноста.

Подоле се делови од Закон со кој јасно се дава до знаење дека нема ОБВРСКА од објави во дневен весник. Значи може да се бира, само под услов ако се има потреба. Дали во дневен весник, интернет портал, радио, телевизија итн. Тоа значи дека се’ е измама.

Од Службен Весник број 24/19

Објавен на 01. Февруари 2019

Давам скратена верзија за читателите. Без конспирација и местенки.

Член 41

Обврска за објавување

(2) Огласот за јавна набавка кај поедноставената отворена постапка, отворената постапка, ограничената постапка, конкурентната постапка со преговарање, постапката со преговарање со објавување оглас, конкурентниот дијалог и партнерството за иновации се објавуваат и во „Службен весник на Република Македонија“.

Член 64

Начин на објавување

(1) Огласите и известувањата од членот 63 од овој закон кои се доставени за објавување до 15:30 часот се објавуваат во ЕСЈН истиот ден кога се доставени за објавување.

(3) Постапката за јавна набавка започнува со објавувањето на огласот на ЕСЈН, односно со испраќањето на поканата за доставување понуда кај постапка со преговарање без објавување на оглас.

Драги мои да не Ве оптоварувам, ама ова многу плаши. И треба да се плашат. Посебно оние другарчињана од Финансиска Полиција кои имаат вака од 21.11.2019, ако им е полесно може и 08.11.2019: Услуга за објавување ОГЛАС во огласен простор во дневен весник на Македонски јазик, за 236.000,00 денари. За еден оглас? Сам себе го убил?

Како што на почетокот кажав. Патиме од екстремна неписменост. Нашата држава на официјални сајтови го објавува следново, а помогнати и од самите медиуми..

Внимателно обратете внимание на сликите.

Замислете Општина Струга дала за Слободен Печат на 17.01.2020 година неверојатни 12.980.000 МКД, или пак 211.057 евра. Јас сум цврсто убеден дека Рамиз Мерко не е ненормален.

На Академија за судии и јавни обвинители Павел Шатев сеуште стои ликот и делото на КАТИЦА ЈАНЕВА.

На 21.01.2021 година СЛОБОДЕН ПЕЧАТ објави: Царовска во посета на средното музичко училиште.

За другарите да им објаснам: Царовска се наоѓа во училница за текстил при средното УМЕТНИЧКО училиште.

Трансформацијата е завршена, ама нема ЦАР за да биде гол.


Автор: Виктор Грозданов за Нетпрес



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.