Виктор Грозданов вчера во емисијата „Заспиј ако можеш“ посочи дека 1ТВ е длабоко поврзано со СЈО. 1ТВ е финансирана од парите од два случаи и тоа „Труст“ и „ТНТ“.
На целата јавност сакам да и објаснам дека создавањето на 1ТВ е длабоко поврзано со СЈО. И тоа преку два случаи, тоа е „Труст“ како преку овој случај е уништена фирмата „Трансмет“ и со тие пари ¾ е финансирана 1ТВ, тоа е првата инјекција. Вториот дел е преку случајот „ТНТ“ кој што е со Фиат Цановски од каде што е пуштена последната четвртина од средствата, појасни Грозданов.
Грозданов додаде дека фирмата „Дримбилдинг“ исплатила 260.000 евра на Јасна Мандиќ. Јасна Мандиќ е една личност која што поднела професионален проект до фирмата „Дримбилдинг“. А, Андрeа Мазовски е зет на Фиат Цановски. Токму тој има исплатено 260.000 евра кон Јасна Мандиќ, која што му поднела авторски проект и таа ги прима парите, а во тој проект пишува дека ќе се градат старски домови од кои што едниот старски дом се наоѓа во Општината Карпош, каде што моменталниот градоначалник потпишал меморандум за соработка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.