Денес има 50 погреби. Суштината на власта е да ги заштити граѓаните и нивните животи. Престанете со политиканство и забеганост. Спасувајте животи! – пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
Тој ја коментира актуелната состојба кога буквално гробиштата се полни. Вели ветувањето за живот се претвори во најцрната епизода на македонската државност. Економијата е во колапс, стопанството не дише.
Инженерски прецизно. Од 100 минути интервју, Заев 10 минути посвети на опозицијата или околу 10%, а околу 5 минути за прозорецот во мојата соба каде лежев на клиниката за инфективни болести што е околу 5% од целото интервју.
Во држава кандидат за членство во ЕУ и членка на НАТО, во денот кога 50 наши сограѓани починаа од корона вирусот, премиерот требаше за уши да ги натера здравствените власти оставка да потпишуваат, а дезертерите кои отидоа на одмор и сончање да одговараат пред законот. Но, тие се посветени на провизии, летање со хеликоптери, дезертирање и одмори, а јас покрај тоа што сум редовен професор, понекогаш поправам расипани работи. Вие како Влада премногу расипавте, но и тоа вашето ќе го поправиме, а после тоа подгответе се за одговорност.
Гробиштата се полни. Ветувањето за живот се претвори во најцрната епизода на македонската државност. Економијата е во колапс, стопанството не дише. Причината зошто нема дополнителни мерки не е поради тоа што тоа ви е стратегија, туку затоа што знаете дека ќе се случи банкрот.
Денес има 50 погреби. Суштината на власта е да ги заштити граѓаните и нивните животи. Престанете со политиканство и забеганост. Спасувајте животи – коментира Мицкоски.
Инженерски прецизно. Од 100 минути интервју, Заев 10 минути посвети на опозицијата или околу 10%, а околу 5 минути за…
Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, 3 April 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.