Грција утре ќе испрати официјална дипломатска нота, за да ја информира Македонија за ратификацијата на Преспанскиот договор и протоколот за влез во НАТО, изјави алтернативниот грчки министер за надворешни работи, Јорго Катругалос, пренесе „Катимерини“.

Тоа значи дека, почнувајќи од следната недела, сите, вклучително и Македонија, мора да ја нарекуваат земјава Република Македонија.

„Македонија ќе ги информира ОН, но и сите земји членки што ја признаа под уставното име, така што од сега па натаму признавањето да биде со новото уставно име. И секако, од понеделник започнуваат нејзините обврски, во внатрешноста да ги промени имињата на улиците, на објектите, на документите што го имаат старото име, како што беше договорено“, објаснува Катругалос.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.