Грција одбива да ја потпише Програмата за воена соработка со Македонија за 2020 под кратенката за земјава „МКД“, објави Телма.
Според доверливите документи кои ги објавија грчките медиуми Генералштабот на грчката армија не сака да ја потпише Програмата со ознаката утврдена со Преспанскиот договор, туку инсистира евентуално тоа да биде направено под полните имиња на двете држави со цел да се избегнат кратенките за зeмјите.
Она што паѓа во очи од факсимилите е дека грчката армија оваа година одбива да ја потпише Програмата под „МКД“, бидејќи македонската страна, минатата година ја потпишала под „РНМ“.
„во акцискиот план за 2019 со C. Македонија, потпишан во рамки на програмата за воена соработка 2019, како и сите други релевантни активности, ознаката ’рнм’ (република северна македонија) беше користена со согласност од другата земја“, се наведува во документот од генералштабот на грчката армија.
Од Министерството за одбрана за Телма потврдуваат дека Планот за билатерална соработка за 2020 се уште не потпишан, со очекување тоа наскоро да се случи.
Во контекст на ознаките за земјава, наведуваат дека се почитува Преспанскиот договор.
„во контекст на информациите во одредени грчки медиуми поврзани со користењето на официјалната кратенка за нашата земја, укажуваме дека република C. Mакедонија доследно ја почитува конечната спогодба потпишана од двете земји“, се наведува во одговорот од министерство за одбрана на Mакедонија.
Од Министерството наведуваат дека станува збор за План за за соработка во одбраната за 2020, во кој Министерството за одбрана побарало да се користи кратенката „МКД“.
„Посочуваме дека и во иднина со исклучително внимание ќе се грижиме конечната спогодба да биде доследно и во целост почитувана од двете страни“, наведуваат од министерството за одбрана на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.