Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, задолжен за европски прашања Милтиадис Варвициотис, денеска и утре ќе престојува во работната посета на земјава на покана на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата, Варвициотис ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Посетата се остварува во светло на засилената билатерална соработка меѓу Македонија и Грција, како и изразената грчка поддршка за европските интеграции на земјава. Во тој контекст, ќе се разговара за можностите за продлабочување на соработката и техничката помош од грчка страна, како и остварувањето на заедничката стратешка цел што подразбира официјален почеток на пристапните преговори со ЕУ – се наведува во соопштението.

Вицепремиерот Димитров и алтернативниот министер Варвициотис денеска ќе имаат билатерална средба, по што ќе следат изјави за медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.