Еден од документите кои денеска биле потпишани меѓу македонската влада и владината делегација предводена од грчкиот премиер, Алексис Ципрас, бил меморандумот кој предвидува грчката авијација да го покрива небото над Македонија. Како што рекоа двајцата премиери на денешната прес конференција, ова би ја зголемило безбедноста и соработката.
Надоместокот ќе биде во поголема стабилност на нашиот регион. Тоа е она што ќе го добиеме за возврат. Сакаме сосед што е стабилен политички но и во поглед на безбедноста. Грција има врвни вештини и знаења во поглед на авијацијата. Ние имаме способности, капацитет да ја поддржиме Македонија во нејзините напори да гарантира стабилност и безбедност, рече Ципрас.
Ова е важно затоа што спречува незаконски дела како и несреќи, гарантира безбедни комуникации како и транспорт на нашите граѓани. Јас патував со владиниот авион и секогаш забележувам дека пилотот отскршнува од патот за да го избегне воздушниот простор над ФИРОМ, тоа се случуваше порано. Таа ступидност ќе престане денес. Сега ќе можеме да застанеме и да кажеме здраво, па да отидеме побрзо до нашата дестинација, посочи грчкиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.