Стручното мислење дадено од страна на архитектот и професот Мирослав Грчев, докажува дека објектот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски бил граден спротивно на одобрението. Во документот од 2011 година, Грчев посочува дека спорниот објект, за кој судскиот случај е сè уште во тек, сепак имал отстапување во градбата.

На едно од последните рочишта Цановски потврди дека го ангажирал Грчев за мислење и вештачење, но не можеше да се сети дали го има видено извештајот и какви забелешки имал професорот.

Не можам да се сетам што пишува, немам појма, одговори Цановски пред судот.

За уривањето на „Космос“ во случајот ТНТ се теретат поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски и други четири лица. Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на станбено-деловниот комплекс на Цаноски.

Но, досегашните рочишта за предметот и повеќето сведоци, покажуваат дека рушењето на комплексот било оправдано и легално, а дека самиот Цаноски како инвеститор бил запознаен е дивоградба.

Па така, кога поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски го испрашуваше Цаноски како сведок, посочи дека добро знаел и за ДУП-от за објектот, и за големината, и за пристапните улици…

Минатиот пат сведокот рече дека не знае ништо, а сега гледаме дека знаел и бил информиран за целата документација, објасни Трајковски.

И Цаноски беше принуден пред судот да потврди дека знаел за целата постапка.

Јас како сопственик и основач морав да дадам согласност за големите работи во фирмата, призна Цаноски.

На тоа се надоврза и судијата Огнен Ставрев, кој посочи дека „Не може инвеститор да не знае што прави“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.