Професорот од Архитектонскиот факултет Мирослав Грчев смета дека нема совпаѓање мешу единствените два документи кои досега се во игра во македонско-бугарскиот спор. За него тоа се Договорот за добрососедство, а другиот бугарски меморандум до ЕУ, во кој што бугарската влада го поднесе за објаснување на блокадата.
Тој истакна дека кога ги гледаме проблемите кои се испречија на македонскиот пат до евроинтеграциите, на чуден начин се занимаваме со некои нон пејпери што се појавуваат изјави на официјални лица, но досега во игра се само два цврсти пишувани документи.
Зад едниот застанаа двете држави, а тоа е Договорот за добрососедство, а другиот е бугарскиот меморандум до ЕУ којшто бугарската влада во име на сите свои политички тела, го однесе како објансување на нејзината блокада на македонскиот пат. Кога ќе ги ставите еден до друг, помеѓу едниот и другиот нема совпаѓање, ниту во темите и намерите. Објаснувачкиот меморандум е еден акт на непријателство, полн со ресентимани, зли сеќавања, еден искрен државен исказ на разочараност, озлобеност и ојаденост заради некои минати губитоци, за кои се обвинува Македонија, вели професорот Грчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.