Магдалена Грашковска, претседателката на Инспекцискиот совет, во одговор на новинарско прашање во однос на палењето бадникарски огнови потсети дека е сè уште во сила мерката за забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавни простори.
За прославата на роденденот на лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера во новите простории на Министерството за политички систем таа наведе дека инспекторатите постапуваат неселективно и така ќе биде и за овој случај.
Надлежната инспекција ќе ги провери наводите дали има одредени прекршувања на протоколите и благовремено дополнително ќе бидете известени за сето она што е констатирано од нивна страна, рече Грашковска.
За новогодишната ноќ нејзината оценка е дека таа поминала мирно и безбедно и без значителни прекршувања на протоколите за заштита од ковид-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.