„Се обединуваме како тенки гранки собрани на едно место и во еден сноп кои стануваат непобедливи и нескршливи. Победите не се промената која ја бараме, туку се само шанса да ја создадеме промената, да ја создадеме новата иднина“- рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор откако неговите сопартијци по вторпат го избраа за претседател на партијата.
Се чини „гранките“ некому му пречат… Зошто ли?! Коментарот е дека ицкоски ја искористил аналогијата со тенките гранки која ја употребува, како што стои, партијата на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини
Старо-новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вчера како единствен кандидат беше избран за претседател на партијата, во својот говор пред делегатите на конгресот ја искористи познатата аналогија со тенките гранки кои добиваат сила кога се поврзуваат во сноп, која во историјата ја употребувале Старите Римјани, но и партијата на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини – коментира Слободен печат.
Дали за нив се фашисти и Роналд Вилсон Реган, 40-от американски претседател, Доналд Трамп, 45-от претседател на САД, како и филозофот Луције Енеј Сенека.
Реган, Community Leaders at the Great Hall 1984:
Да се обединиме како тенки гранки врзани заедно, за светот да види сила на заедништвото и слободата
Трамп, Аризона 2016 година:
Важна е идејата со која ќе се врземе силно како гранки на едно дрво
Сенека, Рим:
Гранката е тенка, но снобот гранки е нескршлив
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.