Границите на ЕУ ке останат затворени за Македонија до крајот на јули, а од листата безбедни земји најверојатно ке бидат исфрлени Србија и Црна Гора. Ова се првичните информации од Брисел , каде се подготвува новата ревидирана листа на трети држави на кои ке им биде дозволен влез во Унијата, објави „Сител“.
Се очекува оваа листа да биде објавена следниве два дена. На претходниот список, објавен минатиот месец, главен услов за отворање на границите беше државата да има помалку од 16 случаи на 100 000 жители во период од две недели. Листата се разгледува на секои две недели, а во зависност од епидемилошката слика може да се промени.
Австрија одлучи да ги затвори своите аеродроми за земјите од западен Балкан, вклучувајки ја и Македонија. Забрането е и слетување на авионите од Бугарија, Романија, Молдавија и Египет, вкупно се работи за 18 земји, за кои австриските власти веруваат дека се ризични на за ширење на корона вирусот. Забраната ке важи од 15 до 31 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.