Граничниот премин „Прешево“, меѓу Македонија и Србија е обвиен во чад, а според снимките што ги постираат патници кои сакаат да влезат кај нашиот северен сосед, се работи за пожар.
Една членка на Фејсбук групата „Grčka info“ пред еден час објави снимка дека граничниот премин „Прешево“ е во пожар и дека сите кои се упатиле на летување, да свртат кон преминот „Прохор Пчински“.
Presevo, ulaz i Srbiju… pic.twitter.com/SVr4yMGRVK
— Rima Sokolic (@RimaSokolic) August 12, 2021
И други патници коментираат дека гори кај Прешево, па додаваат фотографии и други снимки.
(Гори) Тревата покрај патот, ама гори буквално до асфалтот и околу онаа прва пумпа од десната страна. Се подавивме во колоната, подолго од еден чад… , јавуваат на Твитер.–
Затворен ГП „Прешево“ поради пожар !!!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.