Граѓанската организација АКСИОС 2017 соопшти дека ќе ги следи и овие Локални избори 2021 со 512 мобилни набљудувачи.
Во согласност со изборниот законик сите наши членови се акредитирани од стрна на Државната изборна комисија. Истите ќе бидат соодветно обележани со беџови издадени од ДИК. Наша мисија е набљудување на изборите со цел обезбедување на фер и демократски процес на изразување на граѓанската волја.
Се надеваме дека нашите активности се мал, но значаен дел од изборниот процес. Дел од предвидените активности е и информирање на јавноста за одвивањето на изборниот процес на целата територија на нашата држава.
Сите информации добиени од терен, сумирани ќе ги споделиме со мадиумите, со цел масовно информирање на граѓаните за изборниот процес.
Посакуваме фер и демократски избори на кои едиствено ќе се изрази волјата на граѓаните.
Ги покануваме сите граѓани да излезат на избори и да го остварат своето уставно право да избираат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.