Над 2000 граѓани веќе се потпишани на онлајн петиција, со која се бара новата учебна година да се одвива преку настава од далечина. Автори на петицијата се група родители кои вчера упатија и официјално барање до институциите да донесат одлука наставата да се одвива онлајн за сите ученици.
Посебен фокус, според овие родители се децата од прво до петто одделение, имајќи ја како што велат, во предвид возраста и неможноста за самостојно почитување на здравствените протоколи.
Понатаму, единствено со онлајн настава ќе се заштитат децата, наставниците, родителите и нивните блиски, вработените, ризичните групи и целата популација. Моделот што имавме можност да го видиме, а вклучува 2 часа дневен физички престој во училиште, под маски и физичка дистанца, сменска настава, скратена програма и зимски распуст од 180 денови, е модел кој нема да обезбеди здрава средина за развој, социјализација и едукација и не го поништува ризикот од заразување и изложување на ризик на целокупното население. Со предложениот модел за физичко присуство, дополнително се комлицираат обврските на родителите, а доколку во целиот тој процес бидат вклучени бабите и дедовците (што се чини неминовно), доколку родителите се на работа, се ризикува животот на најранливата категорија граѓани, стои во петицијата.
Покрај ова, родителите бараат и понатаму да биде дадена можноста еден од родителите на децата до 10-годишна возраст, да биде ослободен од работа или да има скратено работно време.
Децата до оваа возраст не можат самостојно да престојуваат дома, особено кога можноста за целодневна настава е исклучена. Потребата од родител постои и во понудениот модел со скратена настава и сменско работење. Бараме, односно предложуваме како платформа за изведба на онлајн учењето да биде избрана Microsoft teams или друга соодветна алатка, се вели во барањето на родителите.
Разговорите помеѓу Комисијата за заразни болести и Министерството за образование и наука продолжуваат и денес, откако вчера не успеаја да се договорат за тоа како ќе изгледа наставата од 1 септември. Оттаму најавија дека ваквите состаноци ќе се одржуваат и во наредните денови со цел како што посочија, да се изнајде и договори најдобро и најбезбедно решение за начинот на одвивање на наставата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.