Граѓаните во недела, на 17-ти октомври ќе гласаат за убедлива победа за граѓанската иницијатива „За наше Куманово” со што оваа општина ќе продолжи да се развива во модерна, европска и успешна. Просперитетна за децата, младите и возрасните, велат од „За наше Куманово”.

Целиот изминат период и покрај тоа што како иницијатива бевме соочени со бројни притисоци, закани, омаловажувања и дискредитации од страна на поединци во власта и лица ангажирани на раководни позиции во локалната власт не потклекнавме и не ја свиткавме кичмата! Кичма свиткаа оние политичари кои се обидуваат да ја променат македонската историја и кои не застанаа во нејзина одбрана. А, вечерва од Градскиот плоштад во Куманово граѓаните со малата посетеност на завршниот митинг на СДСМ ја испратија пораката кој е следниот градоначалник во Куманово!, порачаа оттаму.

„За наше Куманово“, велат, е крикот кој граѓаните го бараат, крик кој во недела ќе добие голема поддршка за иден мандат во Куманово.

Во недела гласајте за бројот 80 за независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски и бројот 61 за носителката на листа за советници
Ивана Ѓорѓиевска, порачуваат од „За наше Куманово”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.