Граѓаните се загрижени бидејќи Владата нема јасен план и стратегија за справување со економските последици како резултат на пандемијата на коронавирусот, ова го посочи претседателот Христијан Мицкоски, во интервју за емисија на Телевизија 24.
-Кога ќе видат граѓаните дека некој се грижи, дека Владата има план и стратегија нема потреба да се грижат. Денес кај нас се носат политики од типот купи ден продај. Тоа нас не загрижува. Тоа е салто мортале, одговори Мицкоски откако новинарот обвини дека лидерот на опозицијата прави салто мортале во своите изјави скеој ден.
Мицкоски обвини дека власта не сака да се откаже од непродуктивните трошоци во услови на криза. Според него челниците од власта не сакаат да се откажат од репрезентации, не сакаат да се откажат од патувања, не сакаат да се откажат од договорни вработувања, не сакаат да се откажат од оние илјадници времени вработувања кои што под изговор дека ни се потребни поради зголемен обем на работа ги примале, прашувајќи каков е сега обемот, кога никаков обем на работа всушност не постои!?
Мицкоски уште еднаш побара замрзнување на обрските на граѓаните и компаниите кон банките напоменувајќи дека со уредбата која што ја донесе Владата се остава на самите банки да одлучат дали тоа ќе го сторат или не.
-Ова се времиња кога треба лидерство и храброст. Ова се времиња кога треба да се носат одлуки, а не да се префрла топката. Доцниме, ни оди државата, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски стопанството се соочува со сериозни проблеми и има проблеми со ликвидноста, но тоа што најмногу ги загрижува стопанствениците е што гледаат дека Владата нема јасен план како ќе постапува понатаму.
-Стопанството се жали на неликвидност и немање јасен план како понатаму. Згрозени се од начинот на кој што постапува државата. Загрижени се за иднината на нивните комапнии, кажа Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.