Акцијата на ВМРО-ДПМНЕ „Пратениците со народот“ продолжи и во текот на овој викенд, со тоа што голем број на пратеници остварија бројни средби со граѓани низ населените места во Македонија.
Пратеникот Игор Здравковски вчера беше во посета на Општина Чашка од каде што истакна дека се поголема е разочараноста на граѓаните од Заев но и локална власт бидејќи се што ветија ништо не исполнија. Подобар живот оваа власт не донесе.
Ги посетивме прекрасните села Теово и Оморани. Како и секаде, така и тука, жителите се разочарани и загрижени од правецот во кој се движи Република Македонија. Проблемите се секаде исти но со многу посветеност и работа можат да се решат, единствено што недостасува е желба од страна на властите. Но, додека постои ВМРО-ДПМНЕ и додека има кој да се грижи за ефикасно решавање проблемите на граѓаните ќе има надеж, рече Здравковски.
Пратеникот Миле Лефков денес ја посети општината Кратово, односно ги посети жителите на с. Туралево, с. Трновац и с. Кетеново. Лефков разговараше со жителите за нивните секојдневни проблеми со кои што се соочуваат, а власта нема слух.
Невработеност, катастрофална патна инфраструктура ја оневозможува и отежнува основната комуникација дури и помеѓу првите соседи во овие места. Вака никогаш повеќе, и никој повеќе не му се плаши на режимот е пораката од овие места, нагласи Лефков.
Пратеничката Даниела Христова денес ја посети општината Виница, разговараше со жителите од с. Истибањи, с. Јакимово и с. Градец. Жителите посочија дека се што има ветил градоначалникот во ек на избори, се заборави.
Жителите на Истибања се свесни за состојбата до која оваа власт ја доведе Македонија и затоа сакаат час поскоро да се промени. Тие се разочарани од локалната власт која нема реализирано ниту едно предизборно ветување, нема урбанизација на селото, не е уреден Кајанечки дол како што било ветено, нема асфалтирање на улици, не е уредено речното корито на Брегалница, ја нема ниту ветената постојана бина за Истибанско здравоживо, посочи Христова.
Христова додаде дека наместо ветените проекти, жителите добиле 50% поскапа вода, дури и јавното претпријатие кое е задолжено за одржување на зеленилото и јавните површини во централното селско подрачје не си ја врши работата како што треба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.