Ќе ги послуша ли власта граѓаните кои се во паника за алармантната бројка на заразени и починати и ни од далеку не размислуваат за избори? Граѓаните револтирани и незадоволни за избрзаните одлуки на власта – бараат итно воведување на строгите мерки за стабилизација на состојбата, објави Алфа.

Идејата на Заев за избори на петти јули покрај критиките од голем дел од лекарската фела, наиде и на остри рекации кај граѓаните, велат сега е најважно здравјето на луѓето, а не кој да седне на функционерските фотељи.

Од денот кога беше евидентиран нулта пациентот, вчерашниот ден е на второ место по бројот на заразени. На врвот е 15 април, кога беа регистрирани 107 лица. Регионот со најголем број новозаболени е Скопје, но состојбата станува алармантната и во Штип.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.