Македонија се подготвува за утрешниот голем сенароден протест! Демократија во Македонија, слобода за уставобранителите. Под овој слоган утре во 11 часот, почнувајќи од Владата завршувајќи со марш до Собранието, ќе се одржи сенароден македонски протест, во знак на поддршка за осудените за настаните од 27 април во Собранието.
На социјалните мрежи се погласни се коментарите за повик за масовност.
Од владеечката партија ла*на да јадат, е до толку заслужиле идиотите кои не гледаат дека народ им се случува, многу народ кој сака да излезе од оковите на окупаторот-СДСМ – коментира корисник на социјалните мрежи.
Се чини граѓаните утре сакаат да го искажат својот револт, не само за осудените за настаните од 27 април, туку за се она што се случува вп државата. Многу афери, многу киксови, многу пропусти и непромислени изјави.
За греота сте вие заевистанци кога признавате резултати на избори со паднат софтвер….тоа што Заев може да го изфалца(избори) народот на улица ќе му го лупне од нос – комнтираат корисниците на социјалните мрежи.
На овој граѓански повик позитивно одговори целата опозиција од македонскиот политички блок. Официјална поддршка дојде од ВМРО-ДПМНЕ, а повик за овој протест упати директно и лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
-Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест!, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Покрај политичките субјекти во Македонија, на учество на овој протест се повикува и од дијаспората. Преку видео порака на масовност повика и еден од најголемите македонски активисти во САД, Ана Дукоска.
-За нашите браќа, за уставобранителите и за нашата мајка Македонија, обединети како никогаш досега, ве очекуваме на 25 април заедно да чекориме под македонските знамиња. Слобода за уставобранителите, слобода за Македонија, порачува Дукоска.
Овој протест на кој повикаа сите политички субјекти кои не се дел од власта, според СДСМ бил обид на ВМРО-ДПМНЕ да го брани криминалот.
-И покрај шесте порази на избори, Мицкоски не ја научи лекцијата, не сфати дека народот не сака политичари кои се на браникот на криминалот, дека народот не дава доверба на политичари кои работат на штета на граѓаните и државата. Токму затоа Мицкоски шест пати е поразуван на избори и токму затоа уште долго ќе биде во опозиција, велат од СДСМ.
Протестит е во знак на поддршка за осудените за собраниските настани од 27 април 2016-та година. За влезот во Собранието, судечкиот совет предводен од судијката Добрила Кацарска пресуди вкупно 211 години затвор за обвинетите во овој случај. Апелација подоцна ги намали казните, но за само една и две години. Единствен ослободен од вината беше Игор Дурловски, со чија изведба на македонската химна утре ќе започне овој сенароден протест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.