52 отсто од испитаниците од Охрид се незадоволни од работата на градоначалникот Константин Георгиески , а дури 64 отсто од целокупната работа на општинскиот совет, покажува анкетата на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).
Според најновото национално истражување од страна на Центарот за анкетни истражувања на ИРИ, граѓаните на Македонија се чувствуваат обесхрабрени од градоначалниците и локалните претставници пред изборите кои треба да се одржат оваа есен. Анкетата покажува дека граѓаните на Македонија имаат ниска доверба во нивните локални претставници пред изборите што се очекува да се одржат во октомври.
Многу незадоволни од работата на Наумоски се 35 отсто од испитаниците, а 19 отсто, пак, донекаде се незадоволни. За советот големо незадоволство изразиле 40 отсто од испитаниците, а 24 се донекаде незадоволни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.