Од почетокот на пандемијата до сега во државата има близу 26.000 на заразени и приближно околу 900 мртви. Во последниот период може да се забележи драстично зголемување на нови случаи позитивни на вирусот.
Министерот за здравство Венко Филипче синоќа на својот фејсбук профил објави дека во текот на викендот сите лабаратории ќе работат со полн капацитет и се разгледува можноста за отварање нови термини на почетокот на следната недела.
Силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи на изнаоѓање решение за нови термини. Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата, се вели во статусот на Филипче.
По овој фб статус на Филипче се појави незадоволство кај граѓаните. Граѓанин прашува дали овој есенски бран на вирусот ги изненадил надлежните како снег во зима па затоа не се спремни. Имено истиот граѓанин порачува дека исто ќе биде и со опремување на спортската сала и да не биде премногу доцна кога Филипче ќе му текне да се опреми спортската сала.
Од другите коментари може да се увиде дека граѓаните порачуваат дека немаат леб да јадат поради цела оваа ситуација и побараа надлежните да објаснат што е сезонски грип, а што Ковид-19 и кај народот тоа удира на нивната психичка состојба.
Друго што може да се увиде од коментарите е дека граѓаните му укажуваат на Филипче дека поминаа шест месеци од почетокот на пандемијата и за тоа време надлежните требало да изнајдат решение и тоа ја покажува неспособноста на Владата и на Филипче да се справат со целата ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.