Комитетот за имунизација донел одлука да се препорача трета доза на вакцина кај граѓани над 60 години, кај сите здравствени работници и трета доза кај пацинети кои имаат имуно компромитирана состојба, соопшти денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Третата доза на вакцина треба да биде од „Фајзер“, а ќе пратиме понатаму дали ќе има други препораки, односно други производители.“, изјави Филипче.
Како што кажа Филипче треба да бидат поминати најмалку шест месеци од втората доза за граѓаните да добијат трета доза вакцина против ковид-19. Термините ќе се добиваат преку смс порака. Од „Мој термин“ од понеделник треба да почнат да се испраќаат пораките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.