Граѓаните и вечерва излегоа на протест. Бараат оставка од премиерот Зоран Заев поради, како што велат, продажбата на се што е македонско. Предводник на протестот е опозициската ВМРО-ДПНЕ, која најави протести додека Заев не го прифати повикот од граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава. Тоа е единствениот начин како можеме да го победиме овој човек кој се пазари со нашиот источен сосед. Или Заев, или Македонија. Оставка“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.