Граѓаните лути и гневни по најавите за новите рестриктивни мерки кои што завчера ги соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. На социјалните мрежи тие најмногу му забележуваат на мерка за ограничување на примање гости во домовите, кога од друга страна градските автобуси во Скопје се преполни со патници.
Едно знам, Филипче одамна или воопшто не се качил во автобуси, пишува револтиран граѓанин на социјалната мрежа Фејзбук.
Реакциите на граѓаните се оправдани, имајќи ја во предвид состојбата со автобусите во ЈСП. Имено, во многу автобуси од јавниот превоз во главниот град се надминува дозволениот број патници во време на пандемија. Ова може да се види и на овие фотографии кои се споделуваат на социјалните мрежи од револтирани граѓани, но и од сликите кои што ние ги направивме на лице место во еден од скопските автобуси. На нив јасно се гледа автобусот е пренатрупан со патници, без никаква можност за одржување социјална дистанца.
Протоколот за заштита од корона вирусот предвидува во ниту еден автобус да не смее да се надминуваат 75% од капацитетот. Но, на сликите можат да се видат многу постари лица, кои се и од најризична група и кои можеби немаат други можности и алтернативи за да се префрлат до саканата дестинација, влегуваат и ги користат јавните автобуси. Од слликите можеме да видиме дека постарите лица, односно пензионерите автобусите на ЈСП ги користат за одење до пазар и назад.
Од ЈСП пак, за телевизија Алсат истакнале дека гужвите во текот на денот се прават и поради доцнењето на автобусите поради гужвите во сообраќајот или градежните работите кои актуелно се одвиваат во одредени делови на Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.